Персонализирани подароци изработени со љубов - за спомени кои траат.

Сет Кира

MKD600.00

Сетот може да се персонализира само со име, прваче + име, среќно прваче+име, или текст по желба

Детали за сетот:

  • Детска маичка, 100% 150гр памук

  • Шише за вода 500мл

  • Несесер

  • Памучен ранец

  • Кутија за подарок (кутија, лента за врзување, лепенка за кутија брзај брзај прваче, картичка за/од, паковка за киндер чоколадо без чоколадо, распоред за часови, мини дрвени боици, хартиено полнење, тишу папер)

Секој наш производ се изработува со голема посветеност, внимание на деталите и љубов кон креативноста. По извршена нарачка, нашиот тим ги подготвува дизајните и ги прилагодува според вашите желби за да создадеме уникатен и персонализиран производ.

Изработката обично трае 2 до 5 работни дена, во зависност од видот на производот и обемот на нарачката. Секој артикл поминува низ детална контрола на квалитет пред да биде спакуван и подготвен за испорака.

Во 3Дизајн Центар, веруваме дека секој подарок треба да има своја приказна — затоа секое парче е создадено со цел да донесе радост, емоција и траен спомен.

Испораката се врши низ цела Македонија со Ин Пошта Радески.
Времето за достава е 3 до 5 работни дена по завршена изработка и потврдена уплата. За некои делови во Македонија доставата се прави еднаш во недела.

Секој производ се пакува внимателно за да пристигне безбедно и во совршена состојба.
По испраќањето, ќе добиете известување со детали за пратката и број за следење.

Доставата чини 150 денари, односно минимум 180 денари во случај кога се плаќа при достава. 

За нарачки над 3000 денари, доставата е бесплатна.

Бидејќи најголем дел од нашите производи се персонализирани и изработени по нарачка, враќање или замена не е можно, освен во случај на наша грешка при изработка или оштетување при достава.

Доколку добиете производ што е погрешен, неисправен или оштетен, Ве молиме да нè контактирате во рок од 12 часа по приемот на пратката на hello@3dizajncentar.com, со фотографија и краток опис на проблемот. Нашиот тим ќе ја разгледа ситуацијата и ќе Ви понуди соодветно решение — нова изработка или рефундација.

Сите рекламации се обработуваат со внимание и почит, бидејќи нашата цел е секој клиент да биде задоволен од својата нарачка.

Откажување на нарачка е можно во рок од 12 часа по извршеното нарачување, доколку производот сè уште не е ставен во процес на изработка. Исто така, нарачката автоматски ќе биде откажана доколку за истата не е извршена уплата.

Бидејќи најголем дел од нашите производи се персонализирани, по започнување на изработката не е можно откажување или враќање на средствата.

Доколку сакате да ја откажете вашата нарачка, ве молиме контактирајте нè што е можно побрзо на hello@3dizajncentar.com, наведувајќи го бројот на нарачката.

Секое барање ќе биде разгледано индивидуално, со цел да обезбедиме најфер и најбрзо можно решение.